Линкови за пристапност

Австралија може да забрани влез на Челсеа Менинг


За поранешна припадничка на американската армија, Челсеа Менинг, која предаде доверливи документи на Викиликс, може да не биде дозволен влез Австралија, известија организаторите на турнејата на која Менинг требаше да зборува.

Според австралискиот закон, на сите странци може да им биде забранет влез во државата доколку не го поминат тестот за карактер.

Менинг, поранешен аналитичар во американската армија, во 2013-та година беше осуден на 35 години затвор.

Подоцна Менинг рече дека се идентификува како жена и доби право да започне со хормонска терапија за промена на полот. Казната беше укината од претседателот Барак Обама во 2017-та година.

Менинг требаше да зборува во три австралиски градови пред да отпатува за Нов Зеланд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG