Линкови за пристапност

Доживотен затвор за бомашкиот напад во Њујорк во 2016-та


Ахмад Кан Рахими, кој е државјанин на САД, е роден во Авганистан, а беше уапсен по престрелката во Њу Џерси

Ахмад Кан Рахими oд сојузната држава Њу Џерси, е осуден на доживотна казна затвор за бомбашките напади во Њујорк и Њу Џерси, при што беа повредени 30 лица.

Судијата денеска го осуди 30-годишниот Рахими за нападот во септември 2016-та година.

Некои од погодените во бомбашкиот напад ја следеле пресудата во судницата.

„Тој главно цело време се смееше, немаше каење, немаше воопшто никаква реакција. Како што зборуваше за неговиот татко, за кој мислам дека бил добар човек, тој никому никогаш не се извинил“, изјави Полин Нелсон, жртва во нападот.

Рахими, кој е државјанин на САД, е роден во Авганистан, а беше уапсен по престрелката од полицијата во Њу Џерси.

Кај него беше пронајден дневник со пофалби за исламските терористи и ветувања за насилство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG