Линкови за пристапност

Почина Чита


Почина Чита
Почина Чита

Чита, шимпанзото што играше во филмови со Тарзан во 1930-те, умре во Флорида.

Suncoast Primate Sanctuary, резерват во југоисточната држава Флорида вели дека Чита умрел во саботата заради откажување на бубрезите.

Резерватот вели дека Чита, кој имал 80 години, оставил белег на живототе на многу деца и возрасни во текот на годините, и побара од посетителите на неговата веб страница http://suncoastprimate.homestead.com/, да споделат спомени за животното.

Резерватот вели дека заедницата изгубила „драг пријател и член на семејството“.

Чита беше придружник на Џони Ваисмилер, кој го играше Тарзан, човекот кого го одгледале горила во Африка.

XS
SM
MD
LG