Линкови за пристапност

Купчан: Треба да се исчисти корупцијата, НАТО не е решение за сите проблеми


Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе биде удар за Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Останува уште многу тешка работа да се заврши со демократизацијата и обезбедување слободни медиуми, вели професорот во интервју за Гласот на Америка

Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе биде удар за Русија и јасна индикација дека балканскиот регион се движи кон Европа, вели Чарлс Купчан, професор по меѓународни односи на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

„Би ги предупредил луѓето во Македонија да не бидат презадоволни, бидејќи останува уште многу тешка работа да се заврши. Тешка работа со демократизацијата, ослободување од корупцијата, да се осигураат слободни медиуми. Останува напорна работа да се заврши со етничките односи. Мислам дека не треба да го гледаат НАТО како решение за сите проблеми“, изјави тој во интервју за Гласот на Америка.

Купчан ги посочува Турција, Унгарија и Полска како примери кои имаат назадување, и покрај членството во НАТО.

Затоа, вели тој, иако Владата се движи во права насока, ќе мора до го исчисти системот од корупција, што некогаш трае и со геренрации.

САД и ЕУ се тука да помогнат, додаде Купчан.

„ Не очекувам САД да отворат база во Северна Македонија, но, очекувам државата да има корист од реформите и сигурноста што доаѓа со членството во НАТО“, рече тој.

Верува дека Блаканскиот Полуостров ќе биде интегриран во Европската унија и НАТО, независно дали ќе биде за пет или десет години.

„Секако Косово и Србија треба да ги решат разликите, тука се предизвиците во Босна, но, она што се случува со Северна Македонија е одбивање на оние во регионот што сакаат да продолжат да балансираат меѓу Западот и Русија“, смета Купчан.

Тој не гледа пречка на патот на држвата кон НАТО, потенцирајќи дека ако Грција добие лидер кој ќе работи против Договорот од Преспа, ќе се соочи со огромен притисок од САД и Европската унија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG