Линкови за пристапност

Бустани: Се надевам НАТО ќе помогне да се намали корупцијата во Северна Македонија


НАТО ќе и` овозможи на Северна Македонија владеење без руско мешање
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Потенцијалното членство на државата во Алијансата создава услови и за владеење ослободено од руско мешање, вели поранешниот републикански конгресмен

Влезот на Северна Македонија во НАТО е важен и поради операциите на Русија за мешање во нејзиното владеење, вели за Гласот на Америка поранешниот републикански конгресмен Чарлс Бустани.

„НАТО носи безбедносни гаранции во прв план. Потоа создава можности за владеење ослободено од руско мешање. Тоа, пак, носи економски развој и спречување на корупцијата што го поткопува граѓанското општество“, вели Бустани.

Смета дека Русите се многу агресивни со нивните активности на Балканот, и оти САД и Европската Унија, треба да најдат начин како да реагираат на тоа

„Во соработка со ЕУ треба да постигнеме договор какво присуство да обезбедиме во регионот. Бидејќи не се работи само за директна закана од Русија, туку и за сивата зона каде нејзините операции на влијание стануваат полоши“, смета тој.

Според него, Русите ќе се обидат да влијаат и на ЕУ процесот и интеграцијата на Северна Македонија.

„Европскиот проект на владеење на право и отворени трговски врски ќе биде многу важен во оваа насока“, рече Бустани.

Социјалните медиуми се лесен таргет на пропаганда, поради што граѓаните треба секогаш да ја проверуваат кредибилноста на информациите

Со ова се согласува и професорот на Универзитетот Џорџтаун Чарлс Купчан, кој вели дека потенцијалното НАТО членство на Северна Македонија е удар за Русија, и јасна индикација дека балканскиот регион се движи кон Европа.

„Сега кога Сверна Македонија го среди прашањето со Грција и се движи кон НАТО, е помалку веројатно дека Русите ќе се мешаат, бидејќи ќе биде потешко“, изјави Купчан.

Сепак, вели тој, приказната не е завршена.

„Русите се упорни. Тие се добри во тајно, а понекогаш и очигледно мешање. Дури и во држави кои се НАТО членки, Русите се многу активни. Не очекувам дека Русите ќе се откажат ако Северна Македонија го заслужи членството во НАТО“, вели Купчан.

Тие веруваат дека влезот на државата во НАТО ќе го повлече целиот регион во таа насока што, според нив, ќе ја направи ЕУ силна и обединета - нешто што е важно во борбата против задните мотиви не само на Русија, туку и на Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG