Линкови за пристапност

Принцот Чарлс во Белата куќа


Принцот Чарлс во Белата куќа
Принцот Чарлс во Белата куќа

Британскиот принц Чарлс треба да се сретне со американскиот претседател во среда во Вашингтон.

Посетата на принцот доаѓа само неколку дена по свадбата на неговиот постар син, принцот Вилијам, во церемонија што беше насекаде пренесувана.

Принцот од Велс пристигна во вторник во Вашингтон каде застана на прием во Врховниот суд и посети урбана фарма каде се одгледува храна за жители со ниски примања.

Исто така во среда, тој ќе биде главен говорник на конференција за одржливо земјоделство на Универзитетот Џорџтаун, и ќе присуствува на настан за поддршка на британските и американските сили распоредени во странство.

Последната посета на принцот на САД беше во 2007 кога дојде со неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвал. Двојката присуствуваше на настани во Њујорк и Филаделфија и посети други американски градови.

XS
SM
MD
LG