Линкови за пристапност

Наводниот испраќач на експлозивни направи се соочува со 58 години затвор


Сезар Сајок денес ќе биде изнесен пред федерален суд во Мајами, Флорида

Сезар Сајок жесток поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп кој беше обвинет за испраќање на 13 пакети со експлозивни направи на адреси на неколку критичари на претседателот денес ќе биде изнесен пред суд.

Според медиумски извештаи се очекува 56 годишниот Сајок да се појави во федерален суд во Мајами, Флорида, недалеку од локацијата кај што тој беше уапсен во петокот.

Сајок се соочува со пет обвиненија во врска со експлозивни направи кои беа испратени до неколку водечки демократи, противници на Трамп, меѓу кои поранешниот претседател Барак Обама, поранешниот потпретседател Џо Бајден, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон како и на неколкумина виши претставници од националната безбедност кои служеа во администрацијата на Обама.

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј рече дека импровизираните експлозивни направи биле направени од пластична цевка, мал часовник и потенцијално експлозивен материјал.

Главниот правобранител Џеф Сешнс рече дека ако Сајок биде осуден може да се соочи со 58 години затвор.

Сајок претходно во Флорида бил уапсен речиси десетина пати вклучувајќи и едно апсење заради закана со бомба во 2002-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG