Линкови за пристапност

Кои држави го поттикнуваат иноваторството?


Повеќе од 60 држави се преставија на овогодинешниот Саем за електроника (CES), којшто неделава се одржува во Лас Вегас. Големото меѓународно присуство сведочи за светскиот интерес за претприемништвото и електрониката.

Но, иако многу влади велат дека ја поддржуваат домашната економија заснована на иновации, политичките одлуки, може негативно да се одразат на растот на претприемништвото, се вели во извештајот издаден од Асоцијацијата на потрошувачи на технолошки производи (CTA).

Во документот се истражуваат 12 фактори за да се определи дали државата е „иновативен шампион“. Тука се вклучени стандардните индикатори, како даночната политика на државата, нивото на образование на работниците и пристапот до брз интернет.

Според овие критериуми, највисоко е рангирана Финска, потоа следуваат САД, Канада, останатите европски нации, Австралија и Нов Зеланд. Индија, Мароко и Колумбија се сметаат како „умерени иноватори“ и се најниско рангирани држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG