Линкови за пристапност

Церемонија со традиција, помпа и раскош: Британија се подготвува за крунисување на кралот Чарлс Трети


Royal presentation of new standards and colours at Buckingham Palace in London
Royal presentation of new standards and colours at Buckingham Palace in London

Десетици светски лидери и шефови на држави се поканети на историската церемонија, додека милиони се очекува да ја гледаат на телевизија.

И на небо и на земја во тек се проби за крунисување на кралот Чарлс Трети. Тоа ќе биде настан полн со извонредна помпа и раскош. Стотици илјади луѓе се очекува да се движат на патеката од Бакингамската палата до Вестминстерската опатија.

Секој детаљ од церемонијата има историско и религиозно значење. Чарлс ќе биде испрскан со свето масло донесено од Ерусалим. Церемонијалниот крст вклучува фрагменти за кои се вели дека се од вистинскиот крст на кој бил распнат Исус, даден од папата Фрањо.

„Крунисувањето датира повеќе од илјада години, од 973 лето господово, кога кралот Едгар беше крунисан во Бат. Првото крунисување во Вестминстерската опатија за кое знаеме дека се случило било на Вилијам Освојувачот во 1066 година. Вистинскиот ритуал малку е променет низ вековите“, објаснува Ричард Фицвлијамс, кралски историчар.

Чарлс официјално стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора на 8 септември.

Крунисувањето е шанса и за британската јавност да го прослави својот нов монарх. Улични забави се планирани низ Британија.

Royal presentation of new standards and colours at Buckingham Palace in London
Royal presentation of new standards and colours at Buckingham Palace in London

Настанот ќе биде потсетување на крунисувањето на Елизабета Втора пред 70 години. Но, ќе има важни разлики.

„Тогаш имаше 25-годишна кралица. Мислам дека возраста на кралот Чарлс и кралицата Камила е проблем“, додава Фицвлијамс.

Тоа не е единствениот предизвик за 74-годишниот крал. Една неодамнешна анкета покажа дека 58 проценти од јавноста ја поддржува монархијата, но оти поддршката кај лицата на возраст од 18 и 24 години е само 32 отсто.

„Мислам дека тој ги сфаќа предизвиците што му претстојат во однос на монархијата. Многу е важно да има некаква форма на прифаќање на врските на монархијата со трговијата со робови во изминатите години. Неговиот еколошки придонес е беспрекорни, што е многу привлечно за помладите“, објаснува кралскиот историчар.

Royal presentation of new standards and colours at Buckingham Palace in London
Royal presentation of new standards and colours at Buckingham Palace in London

Последиците од одвојувањето на принцот Хари и Меган од кралското семејство поради обвинувањата за расизам, кои палатата ги негираше, продолжуваат да ја засенуваат монархијата.

На братот на Чарлс, принцот Ендрју, му беа одземени сите кралски и воени титули поради случајот за сексуален напад. Некои гледаат опасност за монархијата.

„Големата закана за иднината на династијата Виндзор не се демонстранти и револуција. Стануваат нерелевантни и тие го разбираат тоа. Кралицата секогаш велеше дека треба да бидат видени за да им се верува. Тие треба да играат улога во животот во државата“, вели кралскиот автор Роберт Хардмен.

Кралското семејство се надева дека крунисувањето ќе даде можност за јавна прослава и за обновување на самата монархија. Но, исто така, ќе означи ново поглавје со нови предизвици - кралот Чарлс ќе мора да го одржи кралското семејство релевантно во 21. век.

XS
SM
MD
LG