Линкови за пристапност

Алармантен број лица од Централна Америка бегаат од насилството во нивните земји


Во 2017-та година, од своите домови избегале речиси 300.000 баратели на азил и бегалци од Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор, соопштија ОН

Агенцијата за бегалци на ОН, објави дека преку 294.000 баратели на азил и бегалци од Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор, во 2017-та година биле принудени да ги напуштат своите домови, што претставува зголемување од 58 отсто од претходната година.

Според агенцијата, голем број од овие лица, избегале во Белизе, Мексико и САД, а се` повеќе има и во Костарика и Панама.

Портпаролката на УНХЦР, Екатерини Китади, изјави дека повеќето од нив се жени и деца - без придружба или одвоени од нивните семејства.

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, неодамна најави дека ќе ги одвои децата од родителите кои нелегално влегуваат во САД. Китиди забележува дека некои околности би можеле да налагаат потреба децата да бидат згрижени. На пример, кога врската помеѓу детето и родителот е дискутабилна и особено ако постои сомневање за трговија со луѓе.

Но, таа за Гласот на Америка изјави дека зачувувањето на семејството, останува основен принцип на заштита на бегалците. Според Китиди, треба да се зачува единството на семејството, што е во најдобар интерес за децата и за општеството како целина.

Претставничката на ОН додава дека притворот треба секогаш да биде последен избор, како и тоа дека треба да се обезбедат специјални објекти, се` со цел, да се зачува семејното единство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG