Нови цифри од пописот во САД објавени во четвртокот покажуваат дека градови на југозапад на државата растат побрзо од поголемиот дел на другите области, со областа што го вклучува главниот град на Тексас, Остин, покажувајќи најголем растеж на градската популација во државата минатата година.
Населението во градските граници на Остин пораснало речиси за 21.000 жители во 2013, но најголем дел од растежот во областа дошол од три општини на периферијата на главниот град (Сан Маркос, Сидар Парк и Џорџтаун) од кои секоја се нашла меѓу 10-те најбрзо растечки градови во државата.
Седум од 15-те најбрзо растечки градови биле во Тексас. Другите градови на листата биле во Аризона, Јута, Ајдахо, Јужна Каролина, Тенеси и Мериленд.
Пописот нашол дека листата на најбрзо растечки градови во САД била во голем дел непроменета во 2013-та – со Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго на врвот на листата.
Целосната американска популација во моментов е проценета на нешто повеќе од 318 милиони, додека светската популација е близу 7,2 милијарди.