Еритреја е држава со најголема цензура на медиумите во светот, соопшти денес Комитетот за заштита на новинарите.
Покрај воспоставен легален монопол врз медиумите и интернетот, Комитетот нагласува дека Владата на Еритреја е најлоша во однос на затворање новинари во Супсахарска Африка, забележувајќи дека најмалку 16 новинари биле затворени од декември 2018 година.
Владата, исто така, не дозволува пристап на граѓаните до алтернативни извори на информација
Покрај Еритреја, на врв на листата се наоѓаат и Северна Кореја и Туркменистан, каде Комитетот за заштита на новинари вели дека медиумите служат како мегафони на Владата, и оти секое незвисно новинарство се извршува надвор од државата.
Во извештајот се нагласува дека биле направени исклучоци за само неколку странски новинари, кои имаат дозвола да работат во овие држави, каде сепак одблизу се набљудувани.
Комитетот нагласува дека најлошите десет држави ги прекршуваат меѓународните стандарди преку забрана или строга рестрикција на независните медиуми, со заплашување на новинарите со затвор, како и преку прислушување или други форми на притисок.
Овие методи се користени особено во Саудиска Арабија, Кина, Виетнам и во Иран, кои се сметаат за најлоши режими за замолчување на медиумите.
На листата на десет држави со најголема цензура се и Еквадорска Гвинеја, Белорусија и Куба
Во извештајот се потенцира дека условите за работа на новинарите и слободата на печатот се екстремно лоши во воените зони како Сирија и Јемен, но, оти таквата состојба не се забележува единствено како резултат на владина цензура.
Комитетот за заштита на новинарите вели дека Кина има најсофистицирани методи на цензура, контролирајќи ги домашните медиуми и следејќи ги меѓународните новинари.
Facebook Forum