Линкови за пристапност

Иницијатива за запирање на крадењето мобилни телефони


Сите вакви телефони произведени по јули 2015-та, ќе имаат вградено систем за далечинско бришење на сите податоци.

Кражбите на мобилни телефони се во пораст во САД, но не за долго, бидејќи сопствениците можат многу скоро далечински да го заклучат украдениот телефон и да ги избришат сите информации.

Петте најголеми компании што обезбедуваат комуникација со мобилни телефони во државата, заедно со големите производители, меѓу кои Епл, Гугл, Самсунг, Мајкрософт, Моторола и Нокиа, потпишаа договор со кој ефективно ќе се елиминира користа за крадците.

Според соопштение од најголемата трговска организација во индустријата, CTIA-The Wireless Association, сите паметни телефони произведени за продажба во САД, по јули 2015-та, ќе бидат опремени со систем за далечинско бришење на сите податоци и нивно правење на некорисни без исправна лозинка.

Крадците исто така нема да можат да го ресетираат телефонот. Целата избришена дата би можела да се врати доколку сопственикот го добие телефонот назад.

Таканаречениот „убиствен прекинувач“ ќе биде инсталиран на сите паметни телефони, бесплатно.

Претходно, некои обезбедувачи на услуги за мобилни телефони даваа отпор на воведувањето на оваа новина, стравувајќи дека хакери би можеле да ја експлоатираат новината, но подоцна се предомислија под притисок на јавноста и некои законодавци.

Епл и уште некои производители веќе понудија можност да им дозволат на сопствениците да спречат повторно активирање на нивните украдени телефони.
XS
SM
MD
LG