Линкови за пристапност

Сеќавање на познатите кои починаа во 2016-та


Хронолошки преглед на оние што починаа годинава, и како луѓето низ цел свет се сеќаваат на нив

Актерката Деби Рејнолдс, која почина само еден ден по смртта на нејзината ќерка Кери Фишер, е последна од познатите личности кои починааа годинава.

Ова е хронолошки преглед на оние што починаа во 2016-та, и како луѓето низ цел свет се сеќаваат на нив.

Дејви Боуви

Музичката поп икона Дејвид Боуви почина од рак во јануари, на 69-годишна возраст. Во негова чест, канадскиот астронаут Крис Хедфилд ја испеа „Space Oddity“ на заминување од Меѓународната вселенска станица.

Антонин Скалиа

Судијата на Врховниот суд на САД Антонин Скалиа почина во февруари. Назначен од претседателот Роналд Реган во 1986-та година, Скалиа беше конзервативен судија кој го толкуваше Уставот.

Бутрос Бутрос-Гали

Во февруари почина и шестиот генерален секретар на Обединетите нации и прв Арап на оваа позиција Бутрос Бутрос Гали.

Ненси Реган

Поранешната прва дама Ненси Реган почина во март, на 94 години. Таа ја поддржа кампањата против употреба на дрога „Само кажи не“.

Принс

Поп ѕвездата Принс, познат како еден од најталентираните музичари во светот, почина во април од предозирање. Имаше 57 години. Многумина жалеа за смртта преку славење на неговата музика.

Мухамед Али

Легендарниот боксер Мухамед Али почина во јуни, по долга битка со Паркинсоновата болест. Али беше борец за човекови права, а беше во затвор поради одбивање да се бори во Виетнамската војна.

Ели Визел

Нобеловиот лауреат и преживеан во Холокаустот Ели Визел почина на 87 години, во јули. Тој беше автор на 600 книги и помогна во отворањето на Музејот на холокаустот во Вашингтон.

Шимон Перес

Поранешниот претседател на Израел Шимон Перес почина од срцев удар во јули. Тој доби Нобелова награда за мир во 1994-та година, за арапско-израелските мировни преговори.

Фидел Кастро

Кубанскиот лидер Фидел Кастро почина во ноември. Кастро беше почитуван за игнорирање на западниот капитализам, но, критикуван за непочитување на човековите права и за осиромашување на кубанската економија.

Џон Глен

Астронаутот Џон Глен, првиот Американец кој ја обиколил Земјата, почина на 95-годишна возраст овој месец. Четири мандати беше сенатор во Охајо, а во 1998-та година стана најстариот човек во вселената.

Џорџ Мајкл

Овој Божиќ почина музичката икона Џорџ Мајкл. Имаше 53 години. Се прослави со групата „Вам“.

XS
SM
MD
LG