СКОПЈЕ —
Сојузот на синдикатите на Македонијa (ССМ), институцијата чие постоење единствено е поврзано со заштитата на работничките права, денеска, на Меѓународниот ден на трудот, не организираше протести, ниту симболични.
Во име на македонскиот работник, на протести во неколку поголеми градови во Македонија излегоа синдикалните организации и левичарските движења. Протестниот марш пред Собранието, а потоа и пред Владата не беше симболичен, туку со конкретни барања до власта.
„Законот за минимална плата да не ги дискриминира работниците кои се најзгрозени и да се изедначи на сумата од 8.800 денари, да се остварува правото на штрајк и да се овозможи вистинско функционирање на синдикатите. Едно од барањата е веднаш да има казни за работодавците кои не го почитуваат Законот за минимална плата, а не како што е предвидено, прво да се едуцираат, па кога повторно ќе направат прекршок да се казнуваат“, кажа Здравко Савевски од движењето „Солидарност“.
Синдикалците од ССМ излегоа на прошетка на Плоштадот, но откако одржаа свечена седница. За првиот синдикалец Живко Митревски, протестите и маршевите не се единствен начин за постигнување на целта.
„Нашата стратегија и водењето на вакви кампањи и унапредувањето на социјалниот дијалог покажа дека и со преговарање и со договарање можат да се постигнат резултати, а, еве, гледате дека сме излезени денес и гледате дека сме на улица. Оваа наша стратегија е подобра отколку еден ден на улица“, изјави Митревски.
Првиот човек на ССМ се пофали дека со неговото доаѓање на чело на институцијата, состојбите се променети, а работничките права постојано се подобруваат. Според него, воведувањето нов пристап во социјалниот дијалог и преговарањето со социјалните партнери, потпишувањето на општиот колективен договор со приватниот сектор, го запрело падот на работничките права и довело до донесување на Законот за минимална плата, Законот за мобинг, Закон за европски работнички совети. Но, дали навистина е така?
Дека постои намалување на работничките права - признава и Владата, но тоа, според неа, го диктираат работодавачите. Токму тоа било поводот власта да ги покрене проектите за вработување на младите, на лица од ранливите категории граѓани и на деца без родители, со олеснувања и субвенции за компаниите, а за сметка на тоа да отвораат нови работни места; исто така, и за измени во Законот за минимална плата, која од март годинава, до 2016-та година ќе се зголеми од 8.050 на 10.080 денари. Но, дали 8.000 денари се доволни да се помине месецот, покажува потрошувачката кошничка на Државниот завод за статистика кој пресмета дека таа за четиричлено семејство чини околу 30.000 денари.
Последните податоци за тоа колку чинел еден работен час во Македонија е од 2012-та, и тој во просек бил 199 денари, или нешто околу 4,5 долари. Односно, во приватни фирми 181 денар за еден час, а кај државните претпријатија и кај оние со мешовита сопственост - 239 денари за час. Тоа е далеку од европскиот просек кој изнесува 23,7 евра за час.
„Неповолната ситуација на пазарот на трудот е резултат на високата стапка на невработеност. Мал е бројот на сектори што имаат нормално вреднување на трудот“, вели професорот по економски науки Зоран Ивановски.
Токму на оваа теза, според него, се темелат и кампањите на Владата за привлекување странски инвестиции, односно ниската цена на трудот е една од причините што тие доаѓаат во Македонија.
Факт е дека во изминатиов период е отворен дијалог со синдикатите и се работи на подобрување на законите за заштита на работничките права, но тоа не значи дека тие и се почитуваат. Доказ за тоа се поднесените пријави до надлежните институции за неисплатени плати и по цела година, здравствено и пензиско неосигурени работници, небезбедност при работа, непочитување на работното време.
За Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, синдикалното организирање во земјава е урнато и деградирано, и тоа мора да се промени.
„Синдикатот е целосно деградиран и служи за потсмев и недоверба, со иронија и омаловажување се зборува за синдикатот. Од друга страна, има проблем при регистрацијата на одредени синдикати за сметка на други кои се заштитени“, вели Ристески.
Димитар Аспасиев од движењето за социјална правда „Ленка“ смета дека од почетокот на транзицијата, единствено што е константно е т.н. работничка гилотина, односно постојаното и тенденциозно скратување на работничките права, без оглед на тоа која политичка опција била на власт.
„СДСМ воведе отказ без отказен рок, ја намали испратнината која се исплаќаше при прогласувањето за „технолошки вишок“, го намали паричниот надоместок што се добива во случај на привремена невработеност, одреди оние работници што сами ќе си дадеа отказ да не се евидентираат како „невработени“, ја укина уставната можност за работничко управување во приватните компании, воведе можност судски да се забрани дејствувањето на некој синдикат или организирањето штрајк, овозможи менаџерите да склучуваат посебен вид договори со кои ќе си ги пумпаат своите бонуси до вртоглаво високи суми итн. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја укина можноста работниците да заминат во пензија врз основа само на својот остварен работен стаж, воведе глоби за работниците што непријавени работат на црно, ги намали деновите за годишен одмор, практично ги укина надоместоците на плата и трошоците во врска со работата - преку концептот на „бруто-плата“, во неколку наврати ги намали придонесите за социјално осигурување овозможувајќи им на газдите да остваруваат „екстра-профити“, воведе рамен данок (што практично значи дека и богатиот и сиромашниот сега плаќаат исто), го продолжи рокот во кој работниците можат да бидат атипично вработувани на „определено време“..., вели Аспасиев.