Линкови за пристапност

Нови упатства во САД за враќање на клучните работници на работа


Што се однесува на останатите Американци, здравствените експерти велат да се продолжи со социјалното дистанцирање

Додека КОВИД-19 продолжува да се шири во САД, владата се обидува полека да ги врати работите во нормала.

Вчера, Центрите за контрола и превенција на болести кажаа дека клучните работници кои биле изложени на вирусот може да се вратат на работа доколку ги следат мерките на претпазливост и не покажуваат симптоми.

Според обновените правила, работниците треба да носат маска на лицето додека се на работа, 14 дена откако биле изложени на вирусот и треба да практикуваат социјално дистанцирање.

Исто така работодавците треба да ја проверат нивната температура, да ги мониторат симптомите и да ги испратат вработените дома ако се болни.

Новите упатства доаѓаат во време кога се повеќе има докази кои сугерираат дека луѓето без симптоми се уште можат да ја пренесат болеста. Но владата вели дека целта е најкритичните работници да се вратат на работа за да се избегне недостиг на работна сила.

Што се однесува на останатите Американци, здравствените експерти велат да се продолжи со социјалното дистанцирање и да не се враќаат на нормалните активности уште некое време.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG