Линкови за пристапност

Грипот однесе 84 животи во САД


Ова е најинтензивната сезона на болеста, од пандемијата на свински грип во 2009-та

Американските Центри за контрола на болести објави дека од грип годинава починале 84 деца. Ова важи за една од најинтензивните сезони на болеста, од пандемијата на свински грип во 2009-та година, наваму.

Во денеска објавениот извештај на агенцијата, се вели дека невообичаено интензивниот вид на грип оваа година, е и натаму широко распространет во 48 од 50-те американски сојузни држави, со исклучок на Хаити и Орегон.

Експертите додаваат дека конкретно за неделата што завршува на 27 јануари, како причини за речиси 10 отсто од потврдените смртни случаи во САД, биле наведени грип или пневмонија.

Во одделен извештај, исто така објавен денеска, експертите на Центрите за контола на болести, рекоа дека овогодинешната вакцина против грип е ефикасна само 25 отсто, иако стапките на успех се повисоки кај малите деца.

Од агенцијата додаваат дека најголем дел од смртните случаи поврзани со грип кај децата, оваа и претходните сезони, се регистрирани кај деца кои не биле вакцинирани.

Вршителката на должност директорка на Центрите, Ен Шучат, изјави дека овогодишната сезона на грип, што ја нарече, „со предизвик и интензивна“, се очекува да трае уште неколку недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG