Линкови за пристапност

Си-Би-Ес и Виаком се спојуваат повторно


Двете медиумски компании најавија дека очекуваат со ваквата постапка да заштедат околу 500 милиони долари годишно

Американските медиумски компании Си-Би-Ес и Виаком најавија дека ќе се поврзат и заедно ќе емитуваат програма во САД и надвор од државата.

Двете компании ќе се спојат повторно, откако се разделија во 2006-та година.

Во заедничка изјава тие вчера најавија дека очекуваат со ваквата постапка да заштедат околу 500 милиони долари годишно.

Тие ќе бидат релативно мал бизнис во споредба со поголемите играчи на пазарот.

Дизни има пазар вреден околу 245 милијарди долари, Комкаст се проценува на 193 милијарди долари, додека вредноста на Нетфликс изнесува 136 милијарди долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG