Линкови за пристапност

Се запленуваат парите на патиците во САД кои влегуваат со над 10.000 долари кеш


Царинските и погранични патроли велат дека ова е начин за спречување перење пари и потенцијални терористички активности

Американскиот Закон за банкарска дискреција предвидува патниците кои излегуваат и влегуваат во САД со повеќе од 10.000 долари кеш, да мора да ги пријават парите кај граничните официјални лица. Во спротивно, парите ќе можат да им бидат запленети.

Царинските и погранични патроли велат дека Законот е важна алатка во борбата против перење пари и потенцијални терористички активности.

Но, критичарите велат не постојат доволно предупредувања за обврските за патниците, а практиката на одземање пари понекогаш може да биде противуставна.

„Владата само претпоставува дека некој што патува со голема сума пари е криминалец, ги одзема парите, и му дозволува на патникот да оди, а потоа агенцијата треба да ги врати парите или да оди на суд да го оправда запленувањето“, коментираат адвокатите.

Во повеќето случаи Агенцијата за царински и погранични патроли ги враќа парите само по тужба на Институтот за правда во Вашингтон.

„Повеќето луѓе никогаш немаат слушнато за ова правило, бидејќи владата прави многу малку за да ги информира за ваквата обврска“, велат критичарите.

Меѓународните патници носат високи суми пари од разни причини.

„Некои имаат продажба на недвижнини, некои се обидуваат да избегнат провизии за испраќање на парите“, сметаат адвокатите.

Патниците, пак, велат дека запленувањето пари се случува насекаде низ државата, и најверојатно на сите аеродроми и гранични премини во САД на дневна основа.

Запленетите суми се високи. Минатата година, биле запленети речиси 65 милиони долари кеш од меѓународните патници, од кои најголем дел на аеродромите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG