Ги ценам сите кои ни` помогнаа, а следен пат ќе осигурам дека е безбедно пред да направам нешто, изјави тренерот Екапол Чантавонг, кој денес беше запрашан што научил од драмата, која заедно со дванесетте деца, ја преживеаа во пештерата во Тајланд.
Денови пред да се случи несреќата, тој на неговиот Фејсбук профил, напишал дека ќе ја истражува пештерата неколку часа, заедно со некои од децата од фудбалскиот тим, кои никогаш не ја виделе претходно.
„Ова е мое најголемо животно искуство, кое ме научи на трпение и никогаш да не се откажувам“, рече Титан, најмладиот член на фудбалскиот тим.
По првичното покачување на нивото на водата во пештерата, поголемиот дел од тимот верувал дека ќе излезе брзо. Но, тоа се случи по 17 дена.
„Многу сум среќен што мојот син излезе жив од пештерата, и оти неговиот дух не е променет од ова искуство“, изјави таткото на 16-годишниот Најт.
Децата, кои на прес конференцијата стигнаа смеејќи се меѓу себе, ги кажуваа нивните желби за во иднина, некои од нив велејќи дека сакаат да станат нуркачи кога ќе пораснат.
По оваа драма, тајландските официјални лица размислуваат да им доделат државјанство на тренерот и на три деца од тимот, кои сега немаат таков статус.
Facebook Forum