Линкови за пристапност

Надреалистичкиот аспект на сепаратизмот во Каталонија


Во борбата за независност нема молотови коктели, барикади..

Што се однесува до политичките револуции, обидот на каталонските сепаратисти за отцепување од Шпанија може да се категоризира како надреалистички.

Нема молотови коктели, барикади или други карактеристики на бунт. Всушност, не постои географска локација од каде започнува револуцијата, нема Мајдан, нема плоштад Тахрир. Но, има огромен број туристи кои уживаат во Барселона и покрај тоа што статистиката покажува дека туризмот опаднал за 20 проценти.

Додека сепаратистите и политичарите во Мадрид разменуваат закани, голем број туристи поминуваат покрај телевизиските екипи кои се наоѓаат пред парламентот на Каталонија.

Сепаратистите ветија дека ќе одржат ненасилни демонстрации за да се спротивстават на шпанската полиција испратена од Мадрид, која веројатно викендов ќе се обиде да го затвори парламентот. Наметнувањето на директно владеење од страна на Мадрид ризикува создавање на отпор и симболична локација, како што беше плоштадот Тахрир, а парламентот и регионалниот јавен радио-дифузен сервис може да послужат за таква цел.

Но, сега засега ништо не сугерира дека историјата ќе се повтори, освен што телевизиските екипи сакаат побрз развој во оваа развлечена шаховска игра на политички ќор-сокак.

Меѓународните медиуми повеќе се фокусираат на врските на Каталонија со Шпанија. Но, јазот меѓу Каталонците исто така е широк.

За многумина постои вистински страв од економските последици од отцепувањето. Некои Каталонци ги префрлија своите банкарски сметки во други региони на Шпанија, како мерка на претпазливост, стравувајќи дека ќе ги загубат заштедите ако Каталонија прогласи независност.

Друг надреален аспект на кризата е економско влијание од отцепувањето. Стравувајќи дека одеднаш ќе се најдат надвор од ЕУ, повеќе од илјада бизниси ги преселија своите седишта надвор од Каталонија, вклучувајќи и големи банки. Недостатокот на економска дебата е посебно ироничен со оглед на тоа што корените на овој најнов пораст на каталонскиот национализам можат да се најдат во финансиската криза од 2008 до 2010-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG