Каталонскиот претседател Карлес Пуџдемонт рече дека шпанската влада ќе ја влоши политичката криза во Каталонија, ако законодавците ја реализираат заканата за укинување на автономијата на регионот.
Во писмото испратено до Сенатот, Пуџдемонт рече дека предложените мерки се неразумни и носат „директни и непосредни последици“ за граѓаните на Каталонија.
„Со цел разрешување на она што владата го нарече сериозна и вонредна ситуација, тоа ќе создаде уште посериозна и вонредна ситуација, со повлекување на политичката автономија на Каталонија“, рече Пуџдемонт.
Се очекува Сенатот за време на седница закажана за утре да одобри директно владеење во Каталонија.
Регионалната влада на Каталонија објави дека Пуџдемонт ќе објави детали денеска, но не даде детали.
Шпекулациите за можните потези на каталонскиот претседател се формално прогласување на независност врз основа на референдумот од 1-ви октомври или повик за предвремени избори за регионална влада.
Во претходните неколку недели двете страни се закануваат дека ќе преземат акција, обвинувајќи го другиот за ескалација на ситуацијата.
Facebook Forum