Дванаесет каталонски сепаратистички лидери беа изведени пред судот во Мадрид во вторникот поради неуспешниот обид за прогласување на независност, кој предизвика големи историски поделби и беше причина за најголемата политичка криза во Шпанија во последните децении.
Опколени од стотици полицајци, про и анти-сепаратистичките демонстранти се собраа пред Врховниот суд, каде обвинетите се соочуваат со обвиненија за побуна и злоупотреба на јавни средства - обвиненија кои тие ги отфрлаат во целост.
Нивните поддржувачи се појавија со транспаренти на кои пишуваше „Слобода за политичките затвореници“, додека помала група на контра-демонстранти протестираа прикажувајќи ја декларацијата за независност од октомври 2017 година како обид за уништување на шпанската држава.
Адвокатот на двајца од обвинетите на судењето рече дека тие имаат право да бараат независност на нивниот регион. „Тоа (самоопределувањето) е синоним за мир, не војна“, рече Андре Ван ден Ајндех.
Политички обоеното судење, кое се очекува да трае најмалку три месеци, се случува во клучен момент за шпанската влада.
Ако каталонските националистички пратеници не го променат своето мислење и го отфрлат буџетот за 2019 година најверојатно ќе следат предвремени општи избори.
Facebook Forum