Линкови за пристапност

Киднаперот на три жени најден мртов во ќелијата


Претставници на затворот во сојузната држава Охајо велат дека човекот кој три жени држел затворени повеќе од една деценија бил најден мртов.

Ариел Кастро бил најден обесен во неговата затворска ќелија доцна во вторникот. Претставниците велат дека 53-годишниот Кастро бил пренесен во блиска болница за итен третман, каде бил прогласен за мртов.

Поранешниот возач на училишен автобус беше уапсен во мај откако една од неговите затворенички избегала од домот во Кливленд и побарала помош од соседи. Властите велат дека тој ги киднапирал жените одвоено, меѓу 2002 и 2004, и многу пати ги силувал додека биле затворени. Една од жените, Аманда Бери, му родила ќерка на Кастро.

Кастро се произнесе за виновен минатиот месец за над 900 кривични обвиненија, вклучувајќи убиство на неродено дете на една од жените додека била бремена. Тој жестоко ја тепал жената.

Кастро беше осуден на затвор без можност за помилување плус илјада години, во замена за обвинителите да се откажат од заканата за смртна казна.
XS
SM
MD
LG