Американецот обвинет за држење затворени три жени во неговиот дом во Кливленд една деценија, кажа дека не е виновен за над 300 наводи во обвинението за силување, киднапирање и убиство со тешка телесна повреда.
Ариел Кастро на кратко се појави пред суд во среда. Со наведната глава, 52-годишниот Кастро не кажа ништо, додека неговиот адвокат го изнесе ставот дека не е виновен.
Друго рочиште е закажано за следната недела. Еден од неговите адвокати кажа дека се надева случајот да биде решен со обвинителите без формално судење.
Кастро е обвинет за киднапирање на три жени од улиците на Кливленд меѓу 2002 и 2004, по што ги врзал и напаѓал во неговиот дом. Тој исто така е обвинет за киднапирање на шестгодишно девојче чиј татко бил со една од жените.
Убиството со тешка телесна повреда произлегува од наводите дека Кастро тепал една од жените кога сфатил дека е бремена, принудувајќи ја на абортус.
Кастро беше уапсен минатиот месец откако една од жените избегала и повикала полиција.