Линкови за пристапност

Река на Титан


Како на Земјата, но на Титан - река на месечината на Сатурн
Како на Земјата, но на Титан - река на месечината на Сатурн

Сондата на Касини забележа воден тек налик на Нил на месечината на Сатурн.

Меѓународната вселенска сонда Касини, која орбитира околу Сатурн и неговите месечини уште од 2004-та, испрати нови, детални фотографии на маркантна речна долина на месечината Титан, налик онаа на Нил на Земјата.

Реката е долга 400 километри и се влева во големо море.

Според Европската вселенска агенција, ова е по првпат астрономите да забележат волку голем воден систем надвор од Земјата.

Науниците веруваат дека реката на Титан е исполнета со течност, затоа што на приказот со висока резолуција таа е со темна боја долж целиот тек, што укажува на мазна површина.

Титан е единственото друго место во вселената освен Земјата за кое астрономите знаат дека содржи стабилна течност на површината. Но, наместо вода како на земјата, реките, езерата, морињата и океаните на Титан се исполнети со течни јаглеводороди како етан или метан.
XS
SM
MD
LG