Линкови за пристапност

Картер во посета на воен брод на Јужното Кинеско Море


Првиот човек на Пентагон обелодени дека американската армија го зголемува своето присуство на архипелагот со ротациони сили и опрема.

Секретарот за одбрана, Еш Картер по заедничката воена вежба во Филипините, го посети американскиот воен брод во Јужното Кинеско Море со цел да ја изрази определбата на САД за безбедност во регионот. Заради територијалниот спор, Кина се наоѓа во затегнати односи со своите соседи.

Првиот човек на Пентагон обелодени дека американската армија го зголемува своето присуство на архипелагот со ротациони сили и опрема.

Ова е негова втора посета на военот брод, а Кина се спротивстави на чекорот, велејќи дека САД преземаат „непропорционален пристап“, што оди во полза на кинеските ривали за територија во Јужното Кинеско Море.

Кина тврди дека има права врз сето Јужно Кинеско Море и мошне динамично работеше на градење острови и поставување патроли во водите, чијашто контрола велат дека ја имаат и други земји.

XS
SM
MD
LG