Линкови за пристапност

Картер: Трамп треба да го поддржи НАТО


И да ја држи одговорна Русија за воената акција во Сирија

Американскиот секретар за одбрана, Аш Картер вели дека администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп треба го оддржува партнерството со НАТО и сојузниците во Азиско - пацифичкиот регион, а во исто време да ја држи Русија одговорна за тврдењето дека е во мисија во борба против терористите во Сирија.

Препораките доаѓаат од меморандумот што Картер, како и другите раководители на Оддели, го подготвуваат со цел да ги истакнат достигнувањата на сработеното за време на осумгодишното претседателствување на Обама.

Документите беа објавени денес, заедно со писмо од Обама, на само две недели откако Трамп ќе ја презеде функцијата.

Картер го подвлече американскиот одговор на руската анексија на Крим, вклучувајќи ги заедничките воени вежби и распоредување на опрема во регионот.

„САД мора да останат вклучени во НАТО – Алијанса заснована на заеднички принципи и вредности, да останат цврсти за да можат да обезбедат понатамошен развој, како и одбрана од секаква руска агресија во Европа,“ вели тој.

Русија започна со воената операција во Сирија на крајот на 2015-та за поддршка на претседателот Башар ал Асад, чекор кој според Картер таму го направил конфликтот „поопасен и понасилен, и потенцијално подолг.“

XS
SM
MD
LG