Пили, турпии, чекани. Звуците од овие алати се музика за увото на музичката ѕвезда Гарт Брукс.
„Звуците кои ги слушаме овде, тоа е љубов.“ вели тој обидувајќи се да зборува погласно за да може да биде слушнат во оваа гласно градилиште.
За Ерика Сантиестивен, самохрана мајка на две малолетни деца, ова се звуци на надеж.
„Се чувствувам исто како да сум добила на лотарија, многу ми значи. Не мора да се грижам за тоа каде ќе морам да одам понатака“, изјави таа за Гласот на Америка.
Тоа е затоа што Гарт Брукс и неговата сопруга Триша помогнале да се соберат пари и да се изгради домот на Сантиестивен.
Сепак, домот не е целосно бесплатен, таа ќе треба да плаќа кредит, иако тој е даден по поволни услови.
Ова ново соседство во Јужен Бенд, сојузната држава Индијана се гради со помош на проектот Хабитат на Џими и Розалин Картер. Поранешниот претседател и прва дама започнале со проектот во 1984-та година.
„Мит е дека претседателот и г-ѓа Картер започнале со Хабитат“, вели Џонатан Рекфорд, главен извршен директор на оваа непрофитна организација која е основана во 1976-та година од Милард и Линда Фулер. Седиштето на организацијата е лоцирано во Америкас, Џорџија, недалеку од родниот град на Картер, градот Плеинс.
По поразот на претседателските избори во 1981-ва година, Картер се вратил во Плеинс. Триесет и четири години подоцна, тие продолжуваат да даваат свој допирнос.
Иако проектот за градење на домови се одржува една недела во годината, проектот на Џими и Розалин Картер сега е еден од најпознатите аспекти на нивното наследство.
Топлото време, староста и ракот не ги спречува да градат куќи низ САД и 14 други држави.
Брукс признава дека иако е 38 години помлад од Џими Картер, да се работи со исто темпо со него не е лесно.
Facebook Forum