Линкови за пристапност

По хоспитализација, Картер се врати на работа


Поранешниот американски претседател, Џими Картер е во добра состојба, откако во Канада побара болничко лекување заради дехидрираност, додека работел на изградба на домови за Habitat for Humanity.

Картер кој има 92 години бил посетен од болничари и подоцна пренесен во болница како мерка на претпазливост, заради дехидрираноста.

Картер и неговата сопруга веќе три децении помагаат во напорите на Habitat for Humanity. Семејството Картер во Канада работи на изградбата на 150 куќи, во чест на 150-та годишнина од основањето на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG