Американскиот министер за одбрана Ештон Картер е во Сингапур, на најголемиот азиски годишен форум за безбедност, на кој присуствуваат министри и армиски шефови од цел свет.
Картер е на тридневен самит, познат како Дијалог Шангри-Ла, на кој ќе се обрати утре.
На дискусиите, кои завршуваат во недела, многу веројатно е дека ќе доминира кинеската изградба на острови во Јужното Кинеско Море.
Картер минатата недела предупреди дека Кина е во опасност да изгради „голем ѕид на самоизолација“ со таквите активности.