Линкови за пристапност

Џими Картер во посета на Северна Кореја


Џими Картер во посета на Северна Кореја
Џими Картер во посета на Северна Кореја

Посетата се опишува како „строго приватна“

Според медиумски извештаи од Јужна Кореја, поранешниот американски претседател Џими Картер ќе ја посети Северна Кореја во обид да ја намали напнатоста на Корејскиот Полуостров. Постои можност Картер да го придружуваат и други поранешни државници.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап јави дека поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан, поранешната ирска претседателка Мери Робинсон и поранешниот норвешки премиер Гро Харлем Брунтланд се меѓу наводните членови на делегацијата во Пјонгјанг.

Француска новинска агенција цитира јужнокорејски владин портпарол според кој Сеул разбира дека Картер планира „приватно да патува“ за Пјонгјанг и дека комуникацијата до ден денес била „стого приватна.“

XS
SM
MD
LG