Линкови за пристапност

Белата куќа го повикува Пакистан да спроведе целосна истрага за можната помош на бин Ладен


Белата куќа го повикува Пакистан да спроведе целосна истрага за можната помош на бин Ладен
Белата куќа го повикува Пакистан да спроведе целосна истрага за можната помош на бин Ладен

Белата куќа вели дека САД очекуваат целосна и комплетна истрага од Пакистан во тоа што САД го нарекуваат претпоставена мрежа за поддршка што му овозможило на Осама бин Ладен да живее во Пакистан. Белата куќа реагираше и на забелешките од пакистанскиот премиер.

Поголем дел од брифингот во Белата куќа во понеделникот беше фокусиран на истрагата за која Пакистан вели дека ја спроведува по операцијата на американски специјалци во која беше убиен бин Ладен, но и забелешките на пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани и состојбата во која се американско-пакистанските односи.

Прес секретарот на Белата куќа Џеј Карни кажа дека консултациите продолжуваат на „многу нивоа“ за приод кон жените на Осама бин Ладен и материјалот што Пакистан може да го собрал откако американскиот тим на командоси ја напуштил резиденцијата на бин Ладен во Аботабад.

Карни вака одговори кога беше запрашан дали претседателот Барак Обама му верува на пакистанскиот лидер кој ветува дека ќе изведе исцрпна истрага:

„Веруваме дека тие ќе извршат истрага и дека таа ќе биде целосна и комплетна. Но, ние секако вршиме истрага и самите и тоа е дел од кооперативниот однос што треба да го имаме и го имавме и покрај нашите разлики во минатото и мислиме дека така ќе продолжи и во иднина“.

Карни рече дека е „едноставно без трошка дилема“ во свеста на Обама дека имал „право и императив“ да нареди упад во резиденцијата на бин Ладен.

Во интервју за телевизијата CBS Обама во неделата кажа дека Пакистан им кажал на САД дека е од голем интерес за Пакистан да открие каква мрежа на поддршка имал бин Ладен во земјата.

По забелешките на Гилани пред пакистанскиот парламент Карни кажа дека САД ја разбираат загриженоста на Пакистан, но дека не се извинуваат за операцијата во која е убиен бин Ладен.

XS
SM
MD
LG