Линкови за пристапност

Втора недела на штрајк во клучни пристаништа на САД


Преговорите за прекин на штрајкот во најголемите карго пристаништа во земјата, Лос Анџелес и Лонг Бич продолжија.

Синдикални службеници, вработени во пристаништата во Лос Анџелес и Лонг Бич во Калифорнија ја напуштија работата минатиот вторник, тврдејќи дека операторите сакаат да ги пренесат работните места во странство. Групата што ги претставува нив и операторите на терминалите велат дека само сакаат да имаат право да вработуваат луѓе што им требаат.

Портпаролот на пристаништето од Лос Анџелес, Филип Санфилд, за Гласот на Америка кажа дека се надева оти договор ќе биде постигнат во вторник. Тој кажа дека штрајкот затворил седум од осум терминали во Лос Анџелес.

Околу 40 проценти од сета стока испратена до САД минува низ пристаништата во Лос Анџелес и Лонг Бич, со просек на трговија во вредност од една милијарда долари на ден.
XS
SM
MD
LG