Американските власти испитуваат сомнителни пакети на два карго авиони на два североисточни аеродроми откако извори кажале дека сомнителен пакет е најден на карго авион во Британија.
Авионите се прегледувани во Филаделфија и Њуворк, во Њу Џерси. Њуворк се наоѓа во близина на Њујорк.
Авионите – и двата оперирани од United Parcel Service (UPS) – се одвоени од другите авиони додека властите вршат истрага.
Извори велат дека сомнителните пакети најдени на аеродромот East Midlands во Англија бил кутија за тонер со бел прав и жици поврзани на него. Извештаите велат дека пакетите биле од Јемен, и дека тестовите на него покажале негативен резултат за експлозиви.