Линкови за пристапност

Почина контроверзниот кардинал Ло

Ватикан објави дека на 86 годишна возраст починал поранешниот американски кардинал Бернард Ло.

Од Ватикан велат дека Ло починал во Рим по долго и тешко боледување.

Пред да се пресели во Рим, во период од повеќе од 20 години Ло беше архиепископ во Бостон. Тој беше принуден да поднесе оставка поради обвинувањата дека криел за случаите на сексуална злоупотреба на малолетни лица.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG