Линкови за пристапност

Кардин: Ќе биде погрешно САД да се повлечат од Иранскиот договор


Сенаторот Бен Кардин, во интервју за Гласот на Америка, разговара за протестите во Иран, како и за ситуацијата со Северна Кореја

Треба да бидеме горди на храброста на иранскиот народ кој деновиве протестира, бидејќи неговото лидерство му вети многу, а тоа не го исполни, изјави сенаторот Бен Кардин, во интервју за Грета ван Сустерн, надворешна соработничка на Гласот на Америка.

„Иранскиот народ е добар. Тој сака слобода, економски можности. Гледа како неговото лидерство и Влада го враќа назад, така што, тој стана гласен“, вели Кардин.

За тоа како администрацијата на претседателот Доналд Трамп реагираше на овие протести, и за критиките кон поранешниот претседател Барак Обама, Кардин кажа дека е многу тешко директно да се инволвира во решавање на проблемот, но, оти сепак треба да се преземе акција против кршењето на меѓународните човекови права.

„Имаме алатки кои можеме да ги искористиме против кршење на човековите права. Луѓето имаат право мирно да протестираат против нивната Влада, и треба да имаат право да можат да зборуваат без притисок или страв. Во Иран тоа не е случај. Затоа, ние имаме право да воведеме санкции против Иран за злоупотреба на човековите права“, рече Кардин, додавајќи дека многу брзо можат да бидат зајакнати веќе воведените санкции против Иран.

Овој сенатор смета дека ќе биде погрешно САД да се повлечат од Иранскиот нуклеарен договор.

„Би биле изолирани и лоши момци, кога Иран е лошиот актер, и неговата Влада е таа што ги прекршува меѓународните закони. Треба да осигураме дека Иран никогаш нема да стане држава со нуклеарно оружје“, убеден е Кардин

На прашањето дали имаат дијалог со Белата куќа за Договорот за Иран, како и за протестите, Кардин вели:

„Разговарав со потпретседателот Мајк Пенс за протестите, и имаме решение, кое се надеваме ќе помине. Сенаторот Кокер, јас и други, ќе овозможиме да се покаже дека Сенатот на САД стои зад правата на граѓаните на Иран, да можат да ги искажат нивните погледи против нивната Влада“, вели тој.

Кардин нагласува дека е загрижен и за Северна Кореја, и за нејзината нуклеарна програма.

„Треба да продолжиме да ја изолираме Северна Кореја, да направиме притисок да го промени нејзиниот правец, а тоа значи САД да работат со Кина, Јапонија и Јужна Кореја, за да имаат реална понуда како да се справат со оваа криза“, вели Кардин, додавајќи дека секогаш е добро да се водат дипломатски разговори на оваа тема.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG