Светската метереолошка организација (СМО) алармира дека концентрацијата на јаглерод диоксид достигнала рекордно ниво оваа година.
Генералниот секретар на СМО, Петери Талас вели дека честичките на штетните гасови остануваат долго време во воздухот.
„Не се движиме во правилна насока. Всушност одиме во погрешната, и тоа влијае на глобалното затоплување и претставуа опасност за планетата“, вели тој.
Присуството на јаглеродот диоксид е резултат на согорувањето на фосилни горива и други човечки активности. Метереолозите велат дека јаглеродниот диоксид учествува со 65 проценти во зголемувaњето на глобалното затоплување.
Другите штетни гасови, како што се метанот и азотниот диоксид учествуваат со 17 отсто.
Талас за Гласот на Америка вели дека проблемот со климатските промени може да се реши само ако се намалат штетните емисии на јаглеродниот диоксид, бидејќи неговото присуство останува долго во атмосферата.
Талас го поздравува Договрот за климатските промени од Париз, но потенцира дека спроведувањето е дискутабилно затоа што редуцирањето на штетните гасови останува на политичката волја на државите-потписнички, и не е правно обврзувачки. Сепак, вели се` уште има шанси за промена на состојбите во следните децении само доколку политичката волја премине во конкретни акции.
Тој вели дека негативните трендови ќе продолжат и во иднина, но додава дека ако се почне уште сега со редуцирање на штетните гасови, ефектите во климатските промени ќе бидат видливи веќе во 2060-та година.