Линкови за пристапност

Автомобилски саем во Детроит


Изложбата се очекува да привлече околу 700 илјади посетители. Настанот ќе биде отворен за јавноста од 20 до 28-ми јануари.

Џенерал моторс ќе го престави својот нов пик-ап автомобил за 2019-та година, Шевролет Силверадо, за време на годинешниот авто-саем во Детроит, каде што пик-ап камионите и „Ес-Ју-Ви“ возилата, ќе бидат меѓу најголемите ѕвезди, како одраз на трендот во САД кон поголеми возила, додека цените на бензинот остануваат релативно ниски.

Податоците за продажба на автомобили од 2017-та година, покажуваат дека големите модели го држат својот најголем дел од пазарот на САД. Судејќи според агендата на автомобилското шоу во 2018-та година, кое започнува овој викенд во центарот Кобо во Детроит, авто-производителите очекуваат повеќе.

Најочекуваните понуди се редизајнираниот модел на Шевролет Силверадо и пик-ап моделот Рам 1500, второ и трето пласирани како најпродавани американски автомобили во 2017-та година, веднаш по прворангираниот пикап модел на Форд, серија „Ф“.

Други нови возила коишто се очекува да бидат претставени, се неколку „Ес-Ју-Ви“ модели или поголеми „кросовер“ возила од Акјура, БМВ и Мерцедес Бенз.

Изложбата се очекува да привлече околу 700 илјади посетители. Настанот ќе биде отворен за јавноста од 20 до 28-ми јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG