Линкови за пристапност

Се враќа смртната казна во САД по 16-години пауза


Казната се однесува за федерални затвореници, а планирано е да се извршат пет егзекуции, од кои три во декември, а две во јануари наредната година

Федералното биро за затвори на САД планира да ја обнови смртната казна за федерални затвореници по 16-годишна пауза, со план во наредните месеци да ја примени казната на пет затвореници, осудени поради убиство, соопшти денес Одделот за правда.

Федералното биро за затвори прифати вид дрога за извршување на казната, која моментално се користи во неколку сојузни држави.

Три од егзекуциите се закажани за декември, а две за јануари 2020-та.

Одделот за правда најави дека дополнителни смртни казни ќе бидат закажани за подоцна наредната година.

Последната федерална смртна казна беше спроведена во 2003-та година, за случај со воен ветеран кој беше осуден за киднапирање и убиство на 19 - годишен војник.

Во моментот има 65 осуденици на смртна казна, а повеќе од половина од сојузните држави ја применуваат оваа казна.

„Конгресот ја дозволи смртната казна преку легислатива прифатена од двата дома, и потпишана од претседателот“, изјави главниот правобранител Вилијам Бар.

Помеѓу петмината осудени на смртна казна, има и член на белите супремацисти, кој беше осуден во 1999-та година за убиство на тричлено семејство, меѓу кои и 8-годишната ќерка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG