Линкови за пристапност

Само во Америка: Ластовичките на Капистрано


Само во Америка: Ластовичките на Капистрано
Само во Америка: Ластовичките на Капистрано

Ако отсекогаш сте сакале да ја посетите Јужна Калифорнија, 19 март е добар ден да се биде таму.

На 19 март, во сабота, жителите на малата населба меѓу Лос Анџелес и Сан Диего, Сан Хуан Капистрано, ќе го прослават неверојатно предвидливото враќање на огромно јато ластовички.

Годишниот настан е опеан дури и во многу позната љубовна песна, чии стихови вклучуваат „Кога ластовичките се враќаат во Капистрано/Тоа е денот, се молам, кога ти ќе ми се вратиш .“

Кога римокатоличките мисионери, движејќи се северно надвор од Мексико, ја завршиле мисијата во Сан Хуан Капистрано во 1776, преселничките ластовички нашле за згодно да ги направат своите гнезда од кал под стреите на структурата со црвен покрив. Оттогаш секоја година, како часовник, голем број ластовички се враќаат во мисијата и нејзиното соседство на 19 март, што е католички празник на гозба, Свети Јосиф.

Градот Сан Хуан Капистрано, што се оформил околу мисијата, го одбележува настанот секоја година со едномесечна прослава што вклучува историски прошетки, парада и, во согласност со калифорниското хиспанско наследство, традиционална фиеста во мексикански стил.

Ластовичките летаат од областа околу Гоја, во Аргентина, патување од околу девет илјади и шесто километри. Локалните податоци велат дека птиците задоцниле само еднаш, заради морска бура.

Но вистинската приказна е дека птиците пристигнуваат во текот на неколку дена во средината на март, иако многу е извесно дека голем број ќе се појават на 19 март. За разлика од ластовичките, луѓето на сликовитиот Сан Хуан Капистрано не можат наеднаш да подготват забава за денот кога изгледа дека најмногу ластовички ќе дојдат во градот. Ним им треба датум, и тој што веќе постои како празник, е логичен избор.

XS
SM
MD
LG