Линкови за пристапност

Зошто пациентите од рак слабеат?


Научиници од Бостој откриле молекула што може да е одговорна за ова, сугерирајќи реверзибилност на процесот.

Околу половина од пациентите со рак слабеат, губејќи значителна количина од мускулно ткиво и телесни маснотии, зголемувајќи го ризикот од смрт. Многумина толку ослабуваат што не можат безбедно да го поднесат третманот за спасување на нивниот живот.

Сега истражувачите откриле молекула што изгледа дека е одговорна за оваа состојба, позната како какексиа. Наоѓањето на истражувачите од Институтот за рак Дана-Фарбер во Бостон отвара можност таа состојба да може да се направи реверзибилна.

Во Интернет едиција на журналот Природа, научниците опишуваат како протеинот наречен ПТХрП, што го ослободуваат многу тумори, иницира процес на продуцирање топлина во масното ткиво, што резултира во нездраво губење на тежината.

Во истражувања во епрувета и на глувци со тумори на белите дробови, антитело што активно го блокира ПТХрП речиси целосно спречило губење на мускулна масаи ја подобрило мускулната функција кај третираните животни.

Истражувачите не знаат дали ПТХрП е одговорен за слабеењето кај сите типови на рак и тоа е едно од прашањата што треба да бидат одговорени пред да започнат тестирања кај луѓе со антитела.

XS
SM
MD
LG