Линкови за пристапност

Природен коктел против рак на дојка


Тим истражувачи велат дека соединение од растителни материи може да убие клетки на рак на дојка

Истражувачите на Државниот универзитет на Луизијана известуваат дека коктел од соединенија најдени природно во растенија ги убиле сите клетки на рак на дојка во нивната студија, без токсични странични појави по нормалните клетки.

Тимот на универзитетот тестирал пет познати хемиски материи од куркума (турмерик), сојини зрна, броколи, грозје и чај. Поединечно тие не биле ефикасни против ракот. Но комбинирани, тие го прекинале растот на клетките на рак на дојка во лабораторијата за повеќе од 80 проценти и со време предизцикале процес што довел до смрт на клетките.

Следниот чекор е да се види дали соединението може да спречи тумор и негов растеж кај глувци.

Д-р Мадхва Раџ, кој ја водел студијата објавена во Журнал за рак, наведува дека сите елементи на соединението дошле од храна што луѓе ја јадат секој ден, но со многу поголем степен отколку што тие можат да внесат со исхраната. Бидејќи тој верува дека ова на жените денеска може да им помогне, тој основал компанија супер-коктелот да го рекламира како хранлива материја за здравје на дојките, што не бара одобрение од Администрацијата за храна и лекови.
XS
SM
MD
LG