Линкови за пристапност

Мамограмот често води до непотребен третман


Заклучок на ново истражување

Нова студија наведува дека една на секои три жени дијагностицирани со рак на дојка со користење на мамограм подоцна добиваат непотребен третман, со тоа продолжувајќи ја дебатата за проблемот со мамограмите.

Во данска студија публикувана во „Годишникот за интерна медицина“ стои дека испитувањата водат до т.н. лажни позитивни резултати кај една третина од жените кои имаат тумори кои растат бавно и не се опасни. Исто така се наведува дека обичните мамограми не дијагностицираат напредни фази на рак.

Застапниците на регуларното испитување со мамограм велат дека тоа води до ран третман на ракот на дојка и тоа може да спаси животи.

Оние кои се застапуваат за повнимателен пристап велат дека радијацијата при тестирањето може да им наштети на жените, и дека дури може да предизвика нов вид на рак.

XS
SM
MD
LG