Линкови за пристапност

Вежбањето го намалува ризикот од рак


Дел од објаснувањето е што вежбањето го намалува нивото на хормоните, велат научниците

Вежбањето ја намалува можноста за ширење на ракот, покажа ново истражување.

Опширната студија, која опфати преку 1,4 милиони луѓе, ја направи Националниот институт за рак, а беше објавена во списанието на Американската медицинска асоцијација.

Истражувачите нашле дека вежбањето го намалува ризикот од 13 видови рак, и тоа: на црниот дроб за 27 проценти, на белите дробови за 26 проценти, до 20 проценти за специфични типови леукемија, како и за 10 проценти ракот на дојка.

Освен за оваа болест, истражувањето открива дека вежбите се корисни и за многу други болести, како превентива од срцеви заболувања и дијабетес.

Анализата опфати учесници во дванаесет американски и европски групи, кои ја забележале нивната физичка активност меѓу 1987 и 2004 година, а научниците го следеле појавувањето на 26 видови рак кај нив во наредните единаесет години.

Пешачењето, трчањето и пливањето биле забележани како најчести активности, па тие го зеле предвид бројот на секоја вежба во минута неделно.

Нотирале оти вежбањето било корисно за учесниците со преголема тежина.

Стивен Мур од Националниот институт за рак, кој ја предводел студијата, вели дека има три можни објаснувања за откриените резултати.

Прво, вежбањето може да го намали нивото на хормони, како естроген, кој би можел да го намали ризикот од рак на дојка и рак на грло на матка.

Мур вели дека вежбите можат да помогнат во регулирање на инсулинот, и генерално да намалат воспаление во телото.

Од друга страна, научниците тврдат дека физичката активност може да го зголеми растот на ракот на простата за пет проценти.

„Нема познато биолошко рационално објаснување за ова“, велат научниците.

Тешките вежби, пак, покажале можност за мало зголемување на ризикот од рак на кожа, најверојатно поради поголема изложеност на сонце.

XS
SM
MD
LG