Линкови за пристапност

Напредок во борбата против ракот


Американски научници се фокусираат на тестовите за течни биопсии кои бараат мутирана ДНК, којашто слободно лебди во крвта, како и протеините поврзани со ракот

Научници од Универзитетот Џонс Хопкинс (JHU), известуваат за напредок во развивање тест на крв, за откривање на осум видови рак во рана фаза, вклучувајќи и некои од најсмртоносните коишто во моментов е тешко да се откријат.

Во примероци од крв на преку 1.000 пациенти, тестот покажал околу 70 проценти од карциномите.

Во студијата објавена во списанието „Наука“, се наведува дека експертите испитувале колку добро нивниот експериментален тест открил рак кај лицата кои веќе биле дијагностицирани со болеста.

Научниците се фокусирале на тестовите за течни биопсии кои се обидуваат да утврдат мутирана ДНК, којашто слободно лебди во крвта, како и протеините поврзани со ракот, со цел, да се пронајде болеста пред да се прошири и во време кога има поголеми шанси за одредување соодветна терапија.

Ракот на јајниците бил најлесно да се открие, проследено со црниот дроб, желудникот, панкреасот, ракот на белите дробови и дојката.

Тестот, сепак, се` уште не е подготвен за употреба и треба да се потврди во поголема студија, која е веќе во тек и тоа врз луѓе воопшто, а не пациенти со рак, за да се утврди неговата ефикасност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG