Линкови за пристапност

По нападите Харпер вели „Канада нема да биде заплашена“


Претседателот на САД му понудил на канадскиот премиер секаква помош што на Канада ќе и` треба и ветува дака САД ќе сторат се` за да го заштитат американскиот народ.

Канадскиот премиер вели дека неговата држава „никогаш нема да биде заплашена“ по нападите неделава во Отава и блискиот Монтреал, во кои беа убиени двајца војници.

Во телевизиско обраќање во средата навечер, премиерот Стивен Харпер кажа дека нападите се потсетување дека Канада не е имуна на тероризам и вети „удвојување“ на напорите за идентификување и спречување на заканите.

Тој зборуваше само неколку часа откако вооружено лице фатално го застрела војникот Натан Цирило додека го обезбедувал Националниот споменик на војната, во Отава.

Сведоци велат дека лицето изгледало како да го кренало рацете во израз на триумф пред да влезе во зградата на канадскиот парламент во близината и да пука испука уште неколку истрели. Законодавците се забарикадирале во канцелариите, додека надвор, прометот на градските улици беше замрзнат.

Владини претставници му оддадоа признание на вооружениот наредник внатре во Парламентот кој пукал и го убил напаѓачот, сега идентификуван како 32-годишен, Мајкл Зехаф-Бибај.

Порано неделава, лице кое премиерот го опиша како преобратен во муслиманска вера кој бил „радикализиран“ удрил со автомобил во двајца канадски војници на околу 40 километри југоисточно од Монтреал, притоа убивајќи еден.

Американскиот претседател Барак Обама зборувал по телефон со премиерот Харпер по нападите од среда и кажал дека е важно за американските и канадските контратерористички власти да продолжат да работат координирано.

Обама ги осудил нападите на канадските сили и и на премиерот му понудил секаква американска помош што е потребна на Канада за да одговори на ситуацијата.

Обама кажа дека САД ја следат ситуацијата во Канада и ќе сторат се` што можат за заштита на американскиот народ.

XS
SM
MD
LG