Главната трговска преговарачка на Канада, министерката за надворешни работи Кристиа Фриленд, денес се очекува да допатува во Вашингтон за да започне разговори со администрацијата на Трамп.
Трамп вчера рече дека кај Канада има волја за продолжување на трговските разговори, додека го фалеше договорот што треба да го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија со Мексико.
Канада, оригинален член на НАФТА, не е дел од овој договор.
„Ќе ги започнеме преговорите со Канада и ако тие сакаат чесни преговори, нема никаков проблем. Тие имаат царини од речиси 300 проценти за млечни производи, што реално не ни` одговара. Најлесен начин е да ги зголемиме царините увоз на нивни автомобили и тогаш преговорите може да завршат за еден ден“, рече американскиот претседател.
Канада е втор по големина трговски партнер на САД.
Доколку Канада не прифати да се приклучи на новиот договор, останува прашањето дали за САД ќе биде корисно да направи договор само со Мексико.
Facebook Forum