Линкови за пристапност

Канада се повлекува од Ирак и Сирија


Премиерот Џастин Трудо соопшти дека до 22-ри февруари годинава, ќе ги повлече канадските шест бомбардери, исполнувајќи го ветувањето од минатата година пред да биде избран на функцијата

Канада месецов ќе ги прекине воздушните напади против цели на Исламската држава во Ирак и Сирија.

Премиерот Џастин Трудо соопшти дека до 22-ри февруари годинава, ќе ги повлече канадските шест бомбардери, исполнувајќи го ветувањето од минатата година пред да биде избран на функцијата.

Тој истакна дека воздушната кампања предводена од САД е корисна за исполнување на краткорочни цели, но не и за долготрајна стабилност во зафатените области.

Канада ќе продолжи со набљудувачка мисија, а Трудо истакна и дека неговата влада ќе го зголеми бројот на војниците вклучени во обука на курдските борци во северен Ирак, како и тоа дека Канада воено ќе биде присутна во регионот најрано до крајот на март, 2017-та.

Белата куќа соопшти дека Трудо во понеделникот имал телефонски разговор со претседателот Барак Обама, при што било дискутирано за неодамнешните придобивки против Исламската држава во Ирак и Сирија, како и за ургентноста од напорите за спротиставување на оваа организација.

XS
SM
MD
LG