Линкови за пристапност

Полицијата го истражува мотивот за нападот во Канада, кој остави десет мртви


Осомничен e 25-годишниот Алек Минасијан, кој е приведен кусо по инцидентот

Канадската полиција го истражува мотивот за вчерашниот напад во Торонто, кога комбе влета во група пешаци, и уби десет лица, а 15 други беа повредени.

Осомничен за нападот е 25-годишниот Алек Минасијан, кој потекнува од преградието на Торонто.

Полицијата изјави дека осомничениот го испланирал нападот „дефинитвно внимателно“.

Министерот за јавна безбедност Ралф Гудејл рече дека разговарал со високи официјални лица за безбедност, и врз основа на расположливите информации „излегува дека не постои поврзаност на овој инцидент со државната безбедност“.

Полицијата соопшти дека Минасијан е приведен кусо по настанот, без инцидент.

Премиерот на Канада Џастин Трудо го нарече инцидентот „трагичен и бесмислен“, изразувајќи сочувство за жртвите и нивните блиски.

„Сите треба да се чувствуваме безбедно на нашите улици“, рече Трудо.

Белата куќа соопшти дека САД „се заедно со канадскиот народ“ и најави поддршка за Канада доколку таа и е потребна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG